Извештај за работата на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија.
Во рамки на Проектот пред почетокот на учебната година се продолжи со спроведување на третата фаза на електронско истражување во основните училишта. Целта на истражувањето беше да се направи согледување за промените кои се постигнати со активностите за промовирање на МИО кои отпочнаа во 2012 година.