Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,
„Приредби“
По повод Нова година во училиштето се организираа Новогодишни приредби со учениците од I,II,III и IV одделение каде што и родителите учествуваа заедно со учениците во одредени точки. Целта на овие приредби беше зајакнување на врската „родител-ученик-наставник“ преку која се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно-образовниот процес во образованието.