Извештај од реализaција на активности во рамките на Проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“
Училиштето продолжува со реализирање на активности и воучебната 2016/17 год. според предвидениот акционен план за реализација на проекти. На тој начин училиштето работи во насока на подобрување на воспитно-образовниот процес и да ја подигне свеста во општеството за важноста од воведување интегрирано мултиетничко образование.
Како придобивка на успешноста од работата на проектот, МЦГО Скопје, финансиран од Детската фондација Песталоци, на нашето училиште му даде можност за учество на Интеркултурна размена со ученици во детското село Песталоци, Троген, Швајцарија.