Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,
Активности:
„Јас прочитав – прочитај и ти“
Во нашето училиште за прв пат се организира заеднички настан со вработените од учелиштето, учениците и родителите со наслов „Јас прочитав – прочитај и ти„.
За оваа активност родителите беа запознаени на родителска средба, и која активност воедно ја поддржаа. Учениците во текот на првото полугодие во согласност од родителите донираа детска литература. Книгите се оставаа на штанд во училиштето, каде што се водеше евиденција за книгата (име на книгата и автор на книгата) и податоци за учениците кои што донираа книги.