Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,, (заклучно со 31.3.2015 година)
Активности:
,,Приредби,,
Активот на четврто одделение организираше ,,Осмомартовска приредба,, на ден 5.3.2015 година.Овие приредби беа организирани со цел учениците да се претстават пред своите родители со стихотворби, рецитали, драми и музички творби. Во овие приредби учество зедоа и се вклучија во програмата и родителите. Учениците со родителите играа и танцуваа на одредена песна со сопствена кореографија. Сето тоа беше организирано со претходни подготовки - средби за проби (родител – ученик - наставник). Исто така родителите дадоа поддршка и придонес за изработка на маски потребни на учениците кои што учествуваа во драматизација. На родителите, мајките им беа поделени осмомартовски честитки, изработени од нивните деца на часовите по ликовно образование.