Новогодишен маскенбал
Радовиш, 30 декември 2010
И нашето училиште оваа година се впушти во маскенбалските лудории, карактеристични за нашиот град во предновогодишните денови. Спортската сала на ООУ Никола Карев, со спортски дух, но сепак маскенбалсkо-новогодишен изглед, беше најдобрата локација за едно најнеобично дружење на сите расположени од осмите одделенија заедно со нивната наставничка по англиски јазик, Цветанка Кршкова.