Извештај за реализирани активности на ниво на ООУ,,Никола Карев,,Радовиш на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,
Активности:
,,Априлијада,,(одбележување на денот на шегата)
По повод Денот на шегата 1.04.2015 год. учениците од I до V при ООУ ,,Никола Карев“ зедоа масовно учество во Априлијада 2015 год. во организација на општина Радовиш. Учениците имаа организирано дефиле низ градот и се претставија пред граѓаните од нашиот град. На лицата од граѓаните се забележуваше воодушевување од изгледот на дечињата. На плоштадот имаше организирано кратка програма со цел претставување на групните и индивидуалните маски во придружба на музика.