Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Започна доградбата на ОУ Никола Карев

Радовиш, 22 јули 2009

На 21.07.2009г.во 11:00ч на просторот каде што се наоѓаа основните училишта К.П.Мисирков и Никола Карев, кој пред неколку години изгореа до темел, беше поставен камен темелник за доградба на нова зграда на О.У. Никола Карев.

Инвеститор на овој проект е Влада на РМ преку Министерството за образование и наука. Изведувач на проектот е „Интер Пројект“ ДООЕЛ Тетово, на тендер распишан од Министреството за образование и наука - Скопје, подизведувачи се ГП „Техноинжинеринг“ и ГП „Техника“ од Радовиш. Надзор на проектот е „Инком Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје.

 

На овој свечен чин, присуствуваа Градоначалникот на Општина Радовиш, д-р Роберт Велков, пратеникот во собранието на РМ од Радовиш Томе Даневски, црковни претставници, претставници од Општина Радовиш, наставници од основните училишта во Радовиш и голем број на граѓани од општината.

 

Градоначалникот на Општина Радовиш, д-р Роберт Велков, во своето обраќање кон присутните кажа дека ова претставува своевиден почеток на реализацијата на проектите којшто претстојат во Општина Радовиш, а ги истакна доградбата на ОУ „Никола Карев“, изградбата на нов спортски комплекс веднаш до овој објект кој ќе биде повеќемански и ќе можат да го користат и ушениците, но и сите радовишани кој спортот им е омилено хоби, довршување на Градскиот стадион со што ќе се поттикнат граѓаните, а пред се младите од општината поинтензивно да се занимаваат со спорт и повторно во Радовиш да заживеат спортските колективи којшто функционираа во минатото и довршување на зградата од електротехничкиот факултет во Радовиш. Градоначалникот посебно беше среќен што конечно се започна со реализација на овој проект, бидејки, како што самиот кажа се чуствувал одговорен училиштето да биде приоритет во реконструкцијата на општината, бидејќи во неговиот предходен мандат се случи страшниот пожар во кој изгореа зградата на старото училиште.

 

Свое обраќање имаше и директорот на ОУ „Никола Карев“, кој истакна дека со оваа доградба на училиштето пред се ќе им се олесни школувањето на децата од општината, кој одеа во две смени повеќе од 3 години, т.е. од кога изгоре во пожар старата училишна зграда во февруари 2006. Тој кажа дека просториите во новата училишна зграда ќе бидат по највисоки европски стандарди, со опремени училници кој ќе им служат на учениците и ќе им ја олеснат наставата и дека секој ученик ќе има свој простор кој лично ќе го користи, па така нема да мораат секој ден да ги носат учебниците, туку оние што нема да и се потребни за домашните задачи ќе можат да ги чуваат во самата училишна зграда, и не ќе мораат да ги полнат чантите со голем број на учебници и училишен прибор.

 

Рокот на карабина за овој проект е 60 дена, а комплетно објектот треба да биде завршен за 180 дена, со што ќе почне со негово опремување во текот на ова и во наредната година. Со училишна настава во новиот објект ќе се започне од септември 2010 година.

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1822938