Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Извештај за работата на тимот за ненасилничко однесување во училиштето

Наша констатација од секојдневните случувања во училиштето беше дека не постои насилничко однесување.

По одржаниот семинар од Алгоритам центар во соработка со УНИЦЕФ и подршка од БРО, сите вработени заедно со одговорниот тим почнаа со работа на Проект – програмата за создавање на училишна клима за намалување на насилничкото однесување во училиштето.Беше направена Анекс програма за ненасилничко однесување и таа е составен дел на Годишната програма за работа на училиштето.

 

Целта на проект – програмата е заедничко ангажирање на сите субјекти за намалување на насилното однесување во училиштето.

 

Од тие причини се реализираа некои активности:

  • Вработените во училиштето беа запознати со проект – програмата и целта за нејзина реализација;
  • Стручниот тим по одржаниот семинар побара мислење од сите наставници за моменталната состојба по овој проект, во форма на писмен извештај и првично се констатира дека во училиштето не постои насилство од загрижувачки карактер;
  • Паралелно на претходната активност и со подготовката на Анекс програмата, со почетокот на учебната година, нашето училиште почна да ја промовира училишната клима за ненасилничко однесување, посебно на часовите по одделенска заедница каде посебно се обработуваат содржини од програмата за Животни вештини;
  • Учениците од предметна настава, во соработка со одд. раководители и психологот од нашето училиште изработија безброј пароли и транспаренти, со кои многу успешно покажаа дека бараат општествена грижа и заштита на учениците од насилство. Со овие материјали учениците учествуваа на Хепенингот за ненасилничко однесување,(на Плоштадот ,,Св. Спасо Радовишки) организиран од УНИЦЕФ, заедно со ученици од другите општински училишта и ученици од СОУ од нашиот град. Учениците подготвуваа и кратко минутни спотови на истата тема со кои учествуваа на истоимениот натпревар.
  • Во училиштето од страна на наставниците и психологот се реализираа предавања и работилници за превенција и искоренување на насилното однесување;
  • За да се утврди моменталната состојба во училиштето по однос на ова прашање, се спроведе анкетен прашалник за наставниците, од кој се констатира дека не постои насилство во училиштето од загрижувачки карактер, туку тоа се сведува само на вербално навредување и задевање на поголемите врз помалите ученици, како еден вид натпревар за истакнување;
  • Од анализата на анонимните прашалници за учениците се доби сознание дека во училиштето постои насилство од вербален карактер меѓу учениците и дека тоа се случува најчесто на одморите, во училница, а се манифестира преку: понижување, исмејување, псуење. За уште повеќе да се намали вака постоечкото насилство учениците  даваат конструктивни предлози од кои сме задоволни.

 

Поголем дел од предложените мерки врз основа на направените анализи и спроведени истражувања во училиштето веќе се спроведуваат, но секако не изостануваат и новите идеи за дополнување на нацрт верзијата.

По создавањето на оваа училишна политика за ненасилно однесување во училиштата, нашето училиште продолжува да работи понатаму и се очекуваат позитивни резултати, градење уште подобар соживот и уште побезбедна училишна средина.

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1255634