Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

За нашето училиште

 

Основното училиште ,,Никола Карев,, од Радовиш се одделило од некогашното ЦОУ ,,Моша Пијаде,, во учебната 1975/1976 година. Низ времето имало неколку здружувања и раздружувања на основните училишта. Со пренесувањето на правото на сопственост  на училишните објекти од Министерството за образование и наука врз општините,  од 1.12.2010 година ние функционираме како Општинско основно училиште ,,Никола Карев,,.

Во состав на училиштето работат  четирите подрачни училишта:

  • во населба Раклиш
  • во село Бучим
  • во село Тополница
  • во село Парналија

и Паралелките за основно музичко образование.

 

Учебната 2012/2013 година ја започнавме во комлетниот училишен објект со официјален влез од улица ,,Кеј 8 септември,, б.б. Секоја паралелка од одделенска настава има своја училница со сите потребни материјали, изработки и нагледни средства на располагање во секој момент од воспитно-образовната работа и детски лап топ компјутери.

За учениците од предметна настава воведовме кабинетска настава во вкупно 17 кабинети опремени со компјутер за секој ученик. Секој наставник заедно со учениците учествува во уредувањето на кабинетите со изработени и други нагледни средства и грижата за нив.

 

Горди сме на SMART таблата што ја имаме во училиштето и која е на располагање на сите ученици и наставници. Таа е придобивка од работата на наставниците во нашето училиште со примена на ИКТ во наставата, работа на проекти и учество на натпревари со нагледни часови, исто така со примена на ИКТ во наставата. Покрај тоа имаме и MIMIO табла за реализација на сите видови часови по сите наставни предмети.

 

Наставата се реализира во една смена – предпладне. Со летното сметање на времето наставата започнува од 7 часот и 30 минути, а со зимското сметање на времето од 8 часот и 30 минути. Наставата се реализира на македонски наставен јазик во централното училиште и во подрачното училиште во населба Раклиш, а во останатите подрачни училишта наставата се реализира на турски наставен јазик за ученици од прво до петто одделение. Настава посетуваат вкупно 610 ученици, а има вкупно 73 вработени.

 

Наставата по физичко и здравствено образование се реализира во сала која е во многу добра состојба и четири спортски терени во училишниот , од кои ракометното и кошаркарското се реконструирани.

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1542710