Во акцијата беа вклучени 450 ученици
Реализирани активности:
- Чистење на училишниот двор и околу училишната зграда, во централното училиште (во градот) и во подрачните училишта (во с.Прналија, с.Бучим, с.Тополница и нас.Раклиш)
- Предавање и гледање на едукативни филмови на тема отпад и загадување од материјалите на „Зелен пакет“. После што се разви дискусија за тоа кои се последиците од загадувањето и како да се намали загадувањето.
- Кампања за подигање на јавната свест за намалување на загадувањето и за рециклирање на отпадот. Учениците делеа флаери по улиците на нашиот град.
Искуства од спроведените активности
- Учениците се вклучија во акцијата за чистење на училишниот двор и околу училишната зграда.Тие чистеа посветено, со цел да престојуваат во чиста и здрава средина и да се гордееме со нашето училиште. По завршување на акцијата заклучивме дека чистиот училишен двор е навистина пријатен за гледање и престој .
- После предавањета и едукативните филмови учениците активно се вклучија во дискусијата при што се заклучи дека тие се свесни за последиците од загадувањето и штетата што им ја причинува отпадот на живите организми. Исто така тие имаа интересни и креативни предлози и идеи за тоа како да се намали загадувањето .
- Учениците поделија флаери на минувачите по улиците низ градот , истите ги земаа флаерите, ги читеаа со интерес и го пофалија потегот на младите за зголемување на свесноста кај луѓето за штетите кои ги предизвикува неразумното користење на пластичните материи и како да се однесуваме совесно кон животната средина.
во Радовиш 18.10.2014
координатор на Еко-одбор
Тања Николовска