Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,

 

Активности:

 „Јас прочитав – прочитај и ти“

Во нашето училиште за прв пат се организира заеднички настан со вработените од учелиштето, учениците и родителите со наслов „Јас прочитав – прочитај и ти„.

За оваа активност родителите беа запознаени на родителска средба, и која активност воедно ја поддржаа. Учениците во текот на првото полугодие во согласност од родителите донираа детска литература. Книгите се оставаа на штанд во училиштето, каде што се водеше евиденција за книгата (име на книгата и автор на книгата) и податоци за учениците кои што донираа книги.

Целта на оваа активност е да се подигне хуманата свест кај сите ученици и книгата ,,плус,, да се донира во училиштето за потребите на други ученици на кои им е потребна.

 

Заеднички  настан со вработените од училиштето, учиниците и родителите - посета на градската библиотека ,,Браќа Миладиновци“.На ден 07.11.2014 год. (петок) со учениците од трето одделение се реализира  посета на градската библиотека ,,Браќа Миладиновци“ со цел:

- посета и запознавање со вработените во библиотеката;      

- запознавање со професијата на вработените;

- услови за зачленување;

- начин на изнаоѓање и подигање на книгата;

- стекнување позитивен однос  кон книгата;

- што треба да знае за книгата (автор,наслов,чување);

                                       

          ,,Приредби,,

Активот на второ одделение организираше  ,,Новогодишна приредба,, на ден 25.12.014 година, а активот на трето одд. на 29.12.2014 год.Овие приредби беа организирани со цел учениците да се претстават пред своите родители со стихотворби, рецитали, драми и музички творби. Во овие Новогодишни приредби учество зедоа и се вклучија во програмата и родителите. Учениците со родителите играа и танцуваа на одредена песна со сопствена кореографија. Сето тоа беше организирано со претходни подготовки - средби за проби (родите – ученик - наставник). Исто така родителите дадоа поддршка и придонес за изработка на маски потребни на учениците кои што учествуваа во драматизација.

Оваа дружба придонесе за добро расположение и поголема мотивираност за вклучување на родителите во училишните активности.

       ,,Родителска отворена средба,,

Во текот на учебната 2014/2015 год. како задолжителна активност која се спроведува во нашето училиште е Отворен ден со родители.Оваа средба со родителите се одржува секоја прва среда во месецот и е од индивидуален карактер за сите родители на нашите ученици, односно за сите одделенски и предметни наставници.

Целта на оваа средба со родителите е информирање за тековниот успех на учениците и за некои евентуални потешкотии кај некои ученици и превземање на заеднички мерки за нивно надминување. Активноста се спроведува редовно и посетеноста од страна на родителите е на завидно ниво.

Одржа    За Проект ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците``

 

              Активност:

,,Родителот е наставник``

   Во склоп со наставните содржини и учење за Енергија во четврто одделение, беше одржано предавање од страна на родител-предавач,стучен во областа на електрична енергија. Предавањето беше наменето за учениците од четврто одделение.Учениците беа запознаени со начинот на добивање не електрична енергија,како и можноста за користење на природни ресурси:вода,сонце и воздух и претварање во други видови енергија.

Предавањето беше како добредојдено за учеството на учениците во натпревар ,,Биди креативен-обновливи извор на енергија`` во Проект ,,Кон иднината`` каде што постигнаа награди.Родителот-предавач не удостои со неговото присусто и ни пружаше помош околу транспортот на изработките со кои учениците учествуваа во натпреварот.

 

Активност:

,, Еко ден``

-Се реализираа активности во рамките на акцијата „Македонија без отпад-2014г“ -прикажување едукативни филмови со еколошка содржина -чистење на училишниот двор од отпад во присуство на ученици, родители и наставници.

-На ,,Ден на дрвото``-учествуваа  ученици,наставници и родители во садење садници во училишниот двор.

-Ученици од македонска националност ,од четврто и петто одделение,заедно со наставниците и родители од централното училиште беа во посета во П.У Бучим и  со учениците од турска националност учествуваа во активност ,,Садење саксиско цвеќе``.

На ден 24.12.2014 год. (среда) учениците од I  до V одделение ја проследија  театарската претстава ,,Али баба”- театар Скопје. Покажаа голема заинтересираност за театарските претстави,воодушевени од костимите,начинот на глумење, комуницирање или вклучување на публиката (дечињата) во изведбата на самата претстава.Во иднина ќе се потрудиме почесто да се организираат театарски претстави на кои што ќе присуствуваме и ќе го развиваме актерскиот дух кај децата. 

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1572874