Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,, (заклучно со 31.3.2015 година)

Активности:

 

,,Приредби,,                           

Активот на четврто одделение организираше  ,,Осмомартовска приредба,, на ден 5.3.2015 година.Овие приредби беа организирани со цел учениците да се претстават пред своите родители со стихотворби, рецитали,  драми и музички творби. Во овие  приредби учество зедоа и се вклучија во програмата и родителите. Учениците со родителите играа и танцуваа на одредена песна со сопствена кореографија. Сето тоа беше организирано со претходни подготовки - средби за проби (родител – ученик - наставник). Исто така родителите дадоа поддршка и придонес за изработка на маски потребни на учениците кои што учествуваа во драматизација. На родителите, мајките им беа поделени осмомартовски честитки, изработени од нивните деца на часовите по ликовно образование.

Оваа дружба придонесе за добро расположение и поголема мотивираност за вклучување на родителите во училишните активности.

 

,,Еко ден,,

Во рамките на проектот „Зедничка грижа за правилно насочување на учениците“  во нашето училиште се спроведоа  еколошки акции по повод првиот пролетен ден и денот на екологијата:

                                             

Да ја зачуваме природата                       

                                                                        

Во акцијата покрај учениците и наставниците, учествуваа и родителите. Сите заедно имавме едукативни часови во училница и во природа, чистевме и  садевме цвеќиња и садници во училишниот двор.

Овие активности имаа за цел зајакнување на врската „родител-ученик- наставник“ преку која ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно -образовниот процес.

,, Отворен ден,,

Имајќи во предвид дека соработката помеѓу училиштето  и семејството е од најголемо значење за реализација на воспитно-образовната работа, почитувајќи ја личноста и улогата на родителот, како и неговата потреба за индивидуално информирање за ученикот, нашето училиште во континуитет  одржува средба со родители т.н Отворен ден. Индивидуалните средби се одржуваат  секоја прва среда во месецот.

Родителските средби се одржуваат во одделенска и предметна настава. На  родителските средби од ваков тип, родителите добиваат устен и на увид пишан извештај (чек листи, инструменти за оценување на учениците), со информации и детали  за постигањата и напредокот на нивното дете по секој наставен предмет, вклучувајќи и информации за личниот и социјалниот развој на детето. Секој наставник од предметна настава, во својот работен кабинет се произнесува со информација за ученикот и идни насоки за соработка, додека  во одделенска настава одделенскиот наставник има можност да го информира родителот поеднинечно за секој предмет за ученикот како индивидуа.

,,Спорт и уметност,,                                                                                           

Во текот на ова тримесечје активот на уметностите и спортот зеде учество  на општински натпревари и натпревари по повод патроните празници на училиштата  во општина Радовиш и општина Конче со  спортски натпревари  и ликовни  творби.

Во тек се состаноци на кои  се разговара и договара  за подготовки по повод патрониот празник  на нашето училиште . Во тек се подготовките на .хорот и оркестарот за настап на академија , се подготвуваат творби за ликовна изложба како и тренизи  за спортските натпревари .

 

                                                               Директор

                                                                               Стоја Митревска

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1572875