Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Извештај за реализирани активности на ниво на ООУ,,Никола Карев,,Радовиш на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,

Активности:



,,Априлијада,,(одбележување на денот на шегата)

По повод Денот на шегата 1.04.2015 год. учениците од I до V при ООУ ,,Никола Карев“ зедоа масовно учество во Априлијада 2015 год. во организација на општина Радовиш. Учениците имаа организирано дефиле низ градот и се претставија пред  граѓаните од нашиот град. На лицата од граѓаните се забележуваше воодушевување од изгледот на дечињата. На плоштадот имаше организирано кратка програма со цел претставување на групните и индивидуалните маски  во придружба на музика.

На најдобрите маски се доделија награди меѓу кои беше и нашето училиште. Ученичката Мила Ангелова од III-1  одд. со одделенски раководител Натка Симовска, доби прва награда за индивидуална маска, а учениците од III-2 одд., со одделенски раководител Стојанка Гаваљугова освоија прва награда за групна маска- ,,Планетата Земја``.

Во изработката на маските активно беа вклучени родителите кои не придружуваа и на самиот ден на настанот. Им благодариме.

  ,,Отворен ден,,

Имајќи во предвид дека соработката помеѓу училиштето  и семејството е од најголемо значење за реализација на воспитно-образовната работа, почитувајќи ја личноста и улогата на родителот, како и неговата потреба за индивидуално информирање за ученикот, нашето училиште во континуитет  одржува средба со родители т.н Отворен ден. Индивидуалните средби се одржуваат  секоја прва среда во месецот.

Родителските средби се одржуваат во одделенска и предметна настава. На  родителските средби од ваков тип, родителите добиваат устен и пишан извештај (чек листи), со информации и детали  за постигањата и напредокот на нивното дете по секој наставен предмет, вклучувајќи информации за личниот и социјалниот развој на детето. Секој наставник од предметна настава, во својот работен кабинет се произнесува со информација за ученикот и идни насоки за соработка, додека  во одделенска настава одделенскиот наставник има можност да го информира родителот поеднинечно за секој предмет за ученикот како индивидуа. Покрај  оваа соработка, наставниците секој работен ден се достапни на родителите во училиштето и имаат контакти кога постои интерес од страна на родителите. 

Секоја учебна година, во било кое време, но, најмногу во месеците мај и јуни, додека трае запишувањето на децата во прво одделение, нашето училиште е отворено за пошироката јавност, родителите и граѓаните. Заинтересираните бараат информации за условите за работа, наставниот кадар, и тие информации ги добиваат од соодветните лица во училиштето. Кога доаѓаат за запишување, стручните соработници и другиот персонал во училиштето им стојат на располагање на родителите/старателите за разгледување на просторните услови во кои ќе претстојува и учи нивното дете во иднина. Во вакви моменти чести се посетите и во административната служба и кај директорот. Ваквиот интерес од страна на граѓаните не радува и мотивира.

,,Најубави велигденски креации,,

Под покровителство на градоначалникот на општина Радовиш, на ден  09.04.2015 год. се организираше манифестација - „Велигденска креација“ во која зеде учество и нашето училиште. Учениците заедно со своите родители и наставници изработија многубројни, прекрасни изработки по повод христијанскиот празник Велигден. На оваа манифестација учество зедоа сите основни училишта во општината, а нашите ученици добија  две награди:

1 награда - Никица Крстева,   V - 3 одделение,  ментор: Силвана Бибовска

1 награда- изработка  од колаж, II-1 одделение, ментор: Александра Почивалец

 

,, Свечени приредби во нашето училште,,

Традиционално, и на крајот од учебната година во нашето училиште  се релизираат свечени приредби на учениците  пред  родителите, како завршни средби  со родителите и заеднички споделувања, родител – ученик - наставник. И оваа учебна година во паралелките во прво и петто одд. на крајот од месец мај (23.05.2015 и 28.05.2015 год.) се реализираа свечени приредби. За содржината и активностите  на овие приредби наставниците и учениците  се подготвуваа подолг временски период. Активно учество зедоа сите ученици  кои учествуваа во драмско - сценски изведби, рецитали, сценски игри и песни. Приредбите ги водеа самите ученици. Во реализирањето на овие изведби беа користени смарт –табла, лап-топ и проектор.Исто така од овие средби има и видео записи и фотографии. Натавниците во договор со родителите изработија костими и маски за учениците. Овие средби беа проследени со многу емоции и ќе бидат зачувани  во нашите сеќавања.

 

„Еко - ден“

организирање на заденичка акција на родителите, учениците и наставниците

Според оваа активност во нашето училиште се спороведоа еко-акции по повод „Ден на дрвото“, „Ден на екологијата“, „Ден на планетата Земја“ и изработки од тетрапак амбалажа кои беа во склоп на проктот „Еко-пакет, тетра пак, Македонија“. Во овие акции активно учество зедоа учениците и наставниците, а свој придонес дадоа и родителите. Целта на овие активности беше заеднички да се поттикнуваме за зачувување и разубавување на нашата животна и училишна средина.

 

,,Училишен хепенинг,,

На  22.04.2015 год.  во 18  часот во дворот на ООУ„Никола Карев“ -Радовиш се одржа  училишен хепенинг. Овој хепенинг се одржува секоја година како една од активностите што се реализираат по повод прославувањето на Патрониот празник на училиштето. На хепенингот учествуваа наставниците, учениците и родителите од сите паралелки  од I до  IX одделение и наставниците, учениците и родителите од подрачното училиште од  нас. Раклиш.  На хепенингот наставниците, учениците и родителите донесоа  храна и истата се продаваше. Парите од продажбата на храна се  користат за потребите на учениците  од секое одделение или се наменуваат за хуманитарни цели.

На хепенингот имаше голем одзив од страна на учениците и родителите, имаше направено многу  изработки од храна. Оваа манифестација од година во година добива се поголемо значење, со силна подршка од родителите и роднините на нашите ученици, па и пошироко.

 

,,Се храниме здраво и се наградуваме“      

Оваа манифестација стана традиција во нашето училиште, во неа  покрај учениците и наставниците, учествуваа и родителите. Гостите ги послужуваме со овошје и со овошни производи, а трпезата ја збогатуваат и самите родители.

На истата се наградуваат сите ученици од нашето училиште кои освоиле награди на  натпреварите  организирани оваа учебна 2014/2015 година. Се наградуваат  и учениците кои од прво до деветто одделение биле континуирано одлични, и се разбира се прогласи  спортист на генарација -Наазим Асанов и ученик на генерацијата – Дарко Милев.

Манифестацијата беше и медиумски покриена од локалната телевизија.

Оваа активност има за цел зајакнување на врската „родител-ученик- наставник“ преку која ќе се овозможи јакнење  на воспитната компонента во воспитно -образовниот процес.

Има многу активности кои ги реализираме со активна вклученост на родителите, но од многуте обврски не стасуваме се со време да документираме.

                                                                                        Директор

                                                                                 Стоја Митревска

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :60554