Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Извештај од реализaција на активности во рамките на Проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“

Училиштето продолжува со реализирање на активности и воучебната 2016/17 год. според предвидениот акционен план за реализација на проекти. На тој начин училиштето работи во насока на подобрување на воспитно-образовниот процес и да ја подигне свеста во општеството за важноста од воведување интегрирано мултиетничко образование.

Како придобивка на успешноста од работата на проектот, МЦГО  Скопје, финансиран од Детската фондација Песталоци, на нашето училиште му даде можност за учество на Интеркултурна размена со ученици во детското село Песталоци, Троген, Швајцарија.

Цел на размената: Можност за добивање на знаења и вештини од областа на интеркултурната комункација, принципите на детските права и антидискриминација, меѓусебно почитување, разбирање и толеранција помеѓу различни култури. Во наведениов период напорно се работеше на следниве содржини: идентитет, интеркултурна комуникација, анти-дискриминација, интеркултура размена со млади од Србија, радиоемисија со целна рефлексија и мултипликација на стекнатото, развојни цели на проектот за мултиплицираност преку проследување, екскурзии (прошетки, посети) во различни градови и историски места во Швајцарија.

 


 

 По завршување на интеркултурната размена следуваа одговорности за учениците учесници: Трансвер на знаења од интеркултурната размена. Учениците тоа го спроведоа со ученици, родители и наставници во нашите училишта. На тој начин извршија имплементација на активностите од акционите планови креирани за време на размената, кои се директно поврзани со активностите во проектот ,,Јакнење на мултиетничка соработка во општините“.

Учениците работеа во групи во период од 29.9.2016 - 20.10.2016 година. Ги реализираа следниве работилници на соодветни теми помеѓу учениците, родителите и наставниците:



Тема: Предрасуди и стереотипи. Целна група ученици од VII одд.;

Тема: Полова дискриминација.Целна група ученици IX одд.;

Тема: Стереотипи во однос на надворешен изглед. Целна група родители, целна група наставници;

Тема: Дискриминација на ромската нација во нашата заедница. Целна група наставници.

 

 

Работата на Проектот во училиштето продолжи со спроведување на активности преку работата на секциите во училиштето. Програмите за работа на секциите се дел од наставните планови и програми на наставниците. По предлог и избор на наставниците колективно, во нашето училиште оваа учебна година активности од Мултиетничко образование  продолжија да се спроведуваат преку   Географската секција –туристичко око.      

При изготвување на Планирањата во Годишна програма се водеше сметка за  поврзување на ученици од различни националности и  вклучување на учениците во активности  по одделни предмети. Според апликацијата за реализирање на активности од  работата на секцијата во текот на првото полугодие од  учебната 2016/17 год. со главна цел:  ТУРИСТИЧКА ВАЛОРИЗАЦИЈА на Радовишкиот регион, земајќи ги во предвид природно-географските каректеристики и социјално-туристички настани(манифестации) пропратено со фото документирање и иницијална споредба со туристичката вредност на регионот околу Троген, Швајцарија .

Се спроведоа следниве конкретни активности:

АКТИВНОСТ 1. – 14,15 и 16.10.2016 – манифестација ,,САМУН ем ТАТЛИЈА`` 

За да продолжат планираните активности од проектот, поточно за активноста – следење на манифестација ,,САМУН ем ТАТЛИЈА``  се ангажираа членовите во училишниот тим за мултиетничка интеграција, директорот на училиштето, координаторот на проектот, менторот на географската секција и ученците членови на секцијата (дел од учесниците на програмата за размена во Троген, Швајцарија).

Цел на активноста:

Учество на ученици во социјална манифестација од туристички карактер, преку која ќе запознаат дел од туристичките методи и принципи како домаќини на настан, посебно од страната на љубезност и  гостопримството како два најглавни атрибути во креирањето позтивни импресии од целиот настан, посебно за придојдените посетители. Стекнатото искуство ќе им овозможи понатамошно надградување и развивање на нивото на социјализација со луѓе од различна провиненција како и нивото на дружење и нивна   заедничка соработка, комуникација. Средбите и раговорите со луѓе (посетителите) со различна вероисповед, етницитет, социјално – економска основа и др. ќе им помогне во разбивањето на предрасудите и стереотипите за „поинаквите“, процес започнат во Троген, Швајцарија, како дел од програмата за размена.

Во активноста беа вклучени 8 ученици од VIII и IX  одделение од централното училиште, од двете националности. За време на манифестацијата учениците директно присуствуваа на местото на настанот – во центарот на градот, каде се одвиваше целата програма. Беше поставен штанд од нашето училиште на кој се вршеа нашите замислени активности. Учениците ги вршеа активностите во три смени од 2 часа. Тие со голема доза на самодоговорност и принципиелност и секако со љубезност спрема посетителите на штандот и воопшто посетителите на манифестацијата, ги запознаваа истите со активностите на училиштето и неговата воспитно-образовна поставеност како примарна цел.

Исто така учениците ги запонзнаваа посетителите со природно–географските и социо–општествените каректеристики на Радовиш и блиската околина и нивна можност за туристичка валоризација. Покрај разговорите и дискусиите на посетителите им беа поделени и однапред подготвените промотивни брошури со информации и факти за Радовиш и околината и по можност и волја на посетителите е спроведена анкета, чии резултати понатаму ќе се анализираат и анимираат на часовите од географската секција во училиштето.

За реализација на оваа активност предметниот наставник по географија Кире Јанковски како ментор на географската секција, заедно со учениците има краток подготвителен период пред се во изготвувањето на самата брошура и нејзиниот изглед како и структурата на самата анкета. Во овие подготовки својата несебична помош ја понудија и остварија наставниците Ленче Накева, Столе Рујков и Илија Ковачев , секако и директорката Стоја Митревска.

 

 

Учениците и наставниците на крајот од активностите и пред самиот крај на целата манифестација си го дозволија своето гастрономско право да уживаат во вкусот на двата специјалитети по кои е именувана и самата манифестација.

АКТИВНОСТ 2. – 25.11.2016 – Анализа на природно-географски карактеристики во Радовиш и околината - Еднодневна екскурзија на планината Плачковица и посета и разгледување на хотелот „Бел Камен“.

Врз основа на планираните активности на географската секција, а во согласност со превземените обврски како дел од летниот камп на интеркултурна размена кој произлегува од проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, училишниот тим од наставници на споменатиот проект чиј координатор е одделенскиот наставник Ленче Накева, заедно со предметниот наставник по географија Кире Јанковски, ментор на географската секција, а по знаење и согласност со директорот на училиштето, ја организираа оваа воннаставна активност.

Цел на активноста:

Запознавање на географскиот простор во целина од повеќе аспекти и  негова инфраструктурна развиеност и поврзаност со околните населените места и главните магистрали преку кои туристички би се валоризирал.

Активност: Теренски истражувачки активности на природно – географските каректеристики  во местото и околината  на живеење.

На ден 25.11.2016 , Петок, учениците од VIII и IX одделение, во исполнување на целите, а во согласност со предвидениот план и програма на географската секција  изведоа еднодневна екскурзија: посета на хотелот „Бел Камен“ и прошетка низ планината Плачковица.

За самата екскурзија нејзините цели и исходи, претходно беа известени одделенските раководители на учениците и нивните родители од кои е побарано согласнот за истата. По добиената соласност од родителите, се достави список на ученици, кои ќе учествуваат во оваа еднодневна екскурзија, поткрепен со писмена согласност од родителите.

Паричните средства за оваа екскурзија се обезбеденни од МЦГО – партнер во проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“.

 

 

 

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1203711