1. Според анализата направен е план на активности во кои се вклучени точките за акција од еко-стандардите на кои ќе се стави акцент во учебната 2016/2017 година и ќе се реализираат акции и кампањи за подигнување на еколошката свест и реализација на еко стандардите.
2. Изготвена е Програма за интеграција на еколошката едукација
3. Изработен е план на активности според направената анализа на состојбата на животната средина во кој се избрани точки за акција за реализација на еко-стандардите.
4. Поврзување на еколошката програма со редовната настава
Наставниците во текот на учебната 2016/2017 година во рамките на наставните програми и наставните содржини ги поврзаа (интегрираа) деветте еколошките теми - содржини со нивната наставна програма како основа за поврзување на праксата со теоријата и приближување на еколошките содржини и еколошките проблеми до учениците.
5. Еко- патроли
Во училиштето во текот на учебната година започнувајќи од октомври се формираа еко патроли. Еко патролите се организираа и се составени од двајца ученици на секој спрат.
6. Во училиштето ќе се реализираат и акции и кампањи согласно предвидените активности во планот на активности и тековно според потребите на училиштето и средината, а со цел да се подигне свеста и да се вклучат поголем број на ученици, деца, вработени, родители, медиуми и сл.
Спроведени се следниве активности:
1. „Еко градина ТЕТРАПАК“ (1-30.9.2016) – направивме еко градина со помпош на средства добиени како награда за освоено трето место на меѓународен награден конкурс за изработки од тетрапак амбалажа во рамките на проектот „ ЕКО ПАКЕТ“
2. Македонија без отпад“ 2016 (30.9.2016)
3. Работилница „Вело Авантура“ - (20.10.2016) – проект кој што го реализира Здружението на граѓани Еко Логик, во која учествуваа ученици од четврто, петто и шесто одделение и играа едукативни еко игри.
4. Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ – (30.11.2016) презентирање на едукативни еколошки содржини за значењето на денот, илустрирање, креирање, садење на дрвја во училишниот двор.
5. Едукација за зрава исхрана во рамките на одделенските часови и при реализација на наставни содржини учениците се запознаваат со начините за здрава исхрана.
6. Учество на наставници на обуки од еколошката програма - во работилница „Вело Авантура“ - (20.10.2016) – проект кој што го реализира Здружението на граѓани Еко Логик.
7.Сите активности од еколошката програма редовно се промовираат пред медиумите и јавноста со цел промоција на училиштето преку пишани и електронски медиуми.