Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,

„Приредби“

По повод Нова година во училиштето се организираа Новогодишни приредби со учениците од I,II,III и IV одделение каде што и родителите учествуваа заедно со учениците во одредени точки.  Целта на овие приредби беше зајакнување на врската „родител-ученик-наставник“ преку која се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно-образовниот процес во образованието.

 

,, Еко ден``

- На ден 30.9.2016 год. се реализираа активности во рамките на акцијата „Македонија без отпад-2016“ преку следење на презентација  со еколошка содржина со цел едукација на учениците за селекција на отпадот заради заштита на животната средина.

- На ,, Ден на дрвото-Засади ја својата иднина ``,учествуваа  ученици, наставници и родители во садење садници во училишниот двор. Помалите ученици ги средуваа своите училници или преку едукативна работилница, презентација на едукативни содржини и  ликовно изразување, илустрирање и креирање, го претставуваа развојот на својата еколошка свест.

 

„Отворен ден со родителите“

Во текот на учебната 2016/2017 год. како задолжителна активност која се спроведува во нашето училиште е Отворен ден со родители. Од оваа година отворениот ден со родители се одржува на денот кога се одржуваат родителските средби .По родителската средба се одржува отворен ден кој е од индивидуален карактер. Целта на оваа средба со родителите е информирање за тековниот успех на учениците и за некои евентуални потешкотии кај некои ученици и превземање на заеднички мерки за нивно надминување.Оваа активност се спроведува редовно и посетеноста од страна на родителите е на завидно ниво.

На ден 12.1.2017 год.се одржаа родителски средби за запознавање на родителите со успехот и поведението на учениците за првото полугодие за оваа учебна година .По завршувањето на родителските средби се одржа и отворениот ден со родителите. На овој отворен ден родителите од страна на наставниците се информирани какви мерки треба да се превземат кај ученици кои со потешкотии го усвојуваат наставниот материјал со цел подобрување на успехот во второто полугодие, но, и превземање мерки за подобрување на дисциплината кај одделни ученици.

 

„Одиме во театар“

На ден  1.11.2016 год. учениците и родители на ученици од I и II одделение ја проследија театарската претстава ,,Љубопитната принцеза”- театар Колозов во Центарот за култура ,,Ацо Караманов”- Радовиш.

На ден 28.12.2016 год. во пресрет на празникот Нова година учениците од III, IV I V  одделение проследија уште една театарска претстава од театарот Колозов -  ,,Убавицата и ѕверот” во Центарот за култура ,,Ацо Караманов”- Радовиш.

Содржината на претставите  беше соодветна за возраста на учениците, прифатлива, разбирлива и поучна. Учениците беа воодушевени од глумата на актерите посебно помалите ученици. Ваквиот тип на претстави ја буди културата и уметноста кај помладите и покажува голема заинтересираност за театарот. Во иднина ќе се потрудиме почесто да се организираат театарски претстави на кои што ќе присуствуваме и ќе го развиваме актерскиот дух кај децат

 

„Посета на библиотека“

На ден 18.11.2016 год. се реализираше посета  на градската библиотека “Браќа Миладиновци”, од страна  на  учениците и родители на ученици. Посетата  беше  по повод  Саемот на книгата  кој  се  одржа во чест на месецот на книгата.Целта на посетата  на саемот на книгата од страна на нашите ученици заедно со своите одд. наставници беше учениците да се запознаат со новоиздадените  книги, интересни  романи, поезија, проза, сликовници, интересни енциклопедии  и  многу  други  книги  наменети  за  нивната возраст.Таму имаа  прилика да ги разгледаат, прочитаат  и  да  си купат  книги  кои  им се  допаѓаа.

Во  просториите  на  библиотеката  имаше повеќе штандови со најразлична литература. Учениците беа  задоволни од посетата и беа инпресионирани од разновидноста на книгите.

 

„Одиме на излет“

На ден 5.10.2016 година се реализира полудневен излет во природа-Есенски ден, во месноста Канлиевата воденица. На овој излет учениците, наставниците и родители имаа можност да ги забележат промените коишто настануваат во природата, работата на луѓето во есен, како да ја чуваме и заштитуваме животната средина - подигање на еко-свест. Целите на овој излет во природа беа успешно постигнати. Учениците беа задоволни.

 

 

 

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1542704