Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Извештај за работата на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија.

Во рамки на Проектот пред почетокот на учебната година се продолжи со спроведување на третата фаза на електронско истражување во основните училишта. Целта на истражувањето беше да се направи согледување за промените кои се постигнати со активностите за промовирање на МИО кои отпочнаа во 2012 година.

Членовите на СИТ во текот на првото полугодие даваа поддршка на наставниците во подготовка и самоевалуација на професионалното портфолио; направија Глобално планирање за меѓуетничка интеграција во образованието и  по насоки од МОН изработија План за унапредување на МИО за Годишна програма 2016/2017 година по подрачја; ги спроведоа активностите за сертификација за здобивање со сертификати за стекнати компетенции за практична примена на активностите на МИО и сертификати за стекнати компетенции за обучувач-ментор, за кои беа пополнети и испратени Потврди до Канцеларијата на ПМИО; учествуваа во административното регулирање и подготовката на документацијата за добивање на сертификати, водеа евиденција на целокупната документација од евалуацијата на портфолиото и се грижат за регуларноста на предвидените чекори за сертификација и исполнување на критериумите.

Во рамките на редовната настава наставниците изработија годишни планирања за примена на активностите на МИО за секој предмет поединечно. Одбраните наставни содржини по предмети во месец септември беа предадени на Педагогот на училиштето кој направи целосен План и програма за реализирање на активности од меѓуетничка интеграција во образованието.

Дел од членовите на СИТ и други наставници остварија организирана заедничка работна (договорна) средба со тим на партнерското училишта која се однесуваше и на објавениот јавен повик на МОН за доделување на неповратни средства наменети за основни училишта кои во учебната 2016/2017 година ќе реализираат проекти, односно активности што придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Преку овие активности учениците во нашето училиште и наставниците ги зголемија и ќе ги зголемуваат знаењата и вештините за примена на активности за меѓуетничка интеграција во наставата и воннаставните активности а со тоа се зголемува можноста за непосреден контакт меѓу учениците кои учат на различни наставни јазици.

 

 

 

 

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1542691