Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Настани

Извештај за работата на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија.

Во рамки на Проектот пред почетокот на учебната година се продолжи со спроведување на третата фаза на електронско истражување во основните училишта. Целта на истражувањето беше да се направи согледување за промените кои се постигнати со активностите за промовирање на МИО кои отпочнаа во 2012 година.

Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,

„Приредби“

По повод Нова година во училиштето се организираа Новогодишни приредби со учениците од I,II,III и IV одделение каде што и родителите учествуваа заедно со учениците во одредени точки.  Целта на овие приредби беше зајакнување на врската „родител-ученик-наставник“ преку која се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно-образовниот процес во образованието.

 

Извештај за Реализирани еколошки активности

1. Според анализата направен е план на активности во кои се вклучени точките за  акција од еко-стандардите на кои ќе се стави акцент во учебната 2016/2017  година и ќе се реализираат акции и кампањи за подигнување на  еколошката свест и реализација на еко стандардите.

2. Изготвена е  Програма за интеграција на еколошката едукација

3. Изработен е план на активности според направената анализа на состојбата на животната средина во кој се избрани точки за акција за реализација на еко-стандардите. 

4. Поврзување на еколошката програма со редовната настава

Извештај од реализaција на активности во рамките на Проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“

Училиштето продолжува со реализирање на активности и воучебната 2016/17 год. според предвидениот акционен план за реализација на проекти. На тој начин училиштето работи во насока на подобрување на воспитно-образовниот процес и да ја подигне свеста во општеството за важноста од воведување интегрирано мултиетничко образование.

Како придобивка на успешноста од работата на проектот, МЦГО  Скопје, финансиран од Детската фондација Песталоци, на нашето училиште му даде можност за учество на Интеркултурна размена со ученици во детското село Песталоци, Троген, Швајцарија.

Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,,

 

Активности:

 „Јас прочитав – прочитај и ти“

Во нашето училиште за прв пат се организира заеднички настан со вработените од учелиштето, учениците и родителите со наслов „Јас прочитав – прочитај и ти„.

За оваа активност родителите беа запознаени на родителска средба, и која активност воедно ја поддржаа. Учениците во текот на првото полугодие во согласност од родителите донираа детска литература. Книгите се оставаа на штанд во училиштето, каде што се водеше евиденција за книгата (име на книгата и автор на книгата) и податоци за учениците кои што донираа книги.

Извештај за реализирани активности на ниво на училиште на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,, (заклучно со 31.3.2015 година)

Активности:

 

,,Приредби,,                           

Активот на четврто одделение организираше  ,,Осмомартовска приредба,, на ден 5.3.2015 година.Овие приредби беа организирани со цел учениците да се претстават пред своите родители со стихотворби, рецитали,  драми и музички творби. Во овие  приредби учество зедоа и се вклучија во програмата и родителите. Учениците со родителите играа и танцуваа на одредена песна со сопствена кореографија. Сето тоа беше организирано со претходни подготовки - средби за проби (родител – ученик - наставник). Исто така родителите дадоа поддршка и придонес за изработка на маски потребни на учениците кои што учествуваа во драматизација. На родителите, мајките им беа поделени осмомартовски честитки, изработени од нивните деца на часовите по ликовно образование.

Учество во Проект „КОН ИДНИНАТА“

 

     

Биди креативен-обновливи извори на енергија

Учество на ученици од четврто одделение

со изработки, цртежи и литературни творби

Реализирана акцијата „Македонија без отпад“ 2014

Во акцијата беа вклучени 450 ученици

Реализирани активности:

Државен натпревар по Информатика за основно образование

На ден 19.05.2014 год. во просториите на СЕМОС едукација - Скопје, како домаќин, се одржа VIII Државен натпревар по Информатика – апликативни вештини за Основни училишта во Република Македонија.

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1203675