Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Настани

Извештај од Општинскиот натпревар по физика за учениците од основните училишта во општина Радовиш

Активот на наставници по физика при општина Радовиш согласно Правилникот за изведување на натпреварите по физика реализираше општински натпревар по физика на ден 29.04.2014.

Наставници кои учествуваа во реализацијата на натпреварот пристигнаа во 10 часот за да направат избор на задачи според темите што се задолжителни за регионалните и републичките натпревари. Едногласно се одлучи задачите да бидат од досегашните регионални натпревари по случаен избор.

Извештај од одржаниот Општински натпревар по Математика

Согледувајќи ја потребата за усогласување на процесот за организирање и спроведување на натпреварите по различните наставни дисциплини, Министерството за образование и наука (МОН) во изминатиов период воведе измени  во Законот за основно образование.

Извештај

На ден 22.03.2014 год. во просториите на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) - Скопје, како домаќин, се одржа XXIV Државен натпревар по Информатика за Средни училишта во Република Македонија.

ИЗВЕШТАЈ од учество на републички натпревар по физика

На ден 18.05.2013 на Природно математички факултет во Скопје , со почеток во 11 часот  се одржа републичкиот натпревар по физика за основно  образование.

На овој натпревар од нашето  ООУ„ Никола Карев“ од Радовиш се пласираа и учествуваа 6 ученика од VII и VIII одделение.  Учениците ги постигнаа следните резултати:

Одбележан 20 Мај- Денот на пожарникарите

 

Во нашето училиште денес беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарите. Со симулација на противпожарна вежба за спасување на ученици од училиште кое е зафатено од пожар.

 

Слики од настанот

И З В Е Ш Т А Ј од Републички натпревар по математика

 На ден 11.05.2013 год. со почеток во 10 часот во ООУ„Блаже Конески“-Велес  се одржа републичкиот натпревар за основно образование од VI доVIII одделение.

На овој натпревар од нашето ООУ„ Никола Карев“ – Радовиш се натпреваруваа две ученички  од VIII одд. Анастасија Трајанова ( I награда на регионален натпревар)  и Ирена Лазарева ( I награда на регионален натпревар ) под менторство на  Елизабета Мазновска. 

И З В Е Ш Т А Ј од учество на работилница оранизирана во рамките на проектот "Јакнење на мултиетничка соработка во општините"

     

 

Во периодот од 09.05-11.05.2013 год.  во Охрид се одржа работилница оранизирана во рамките на проектот  "Јакнење на мултиетничка соработка во општините", а се реализира во партнерска соработка меѓу Бирото за развој на образованието, Детската фондација Песталоци и МЦГО.

И З В Е Ш Т А Ј од учеството на 50 ти ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИТЕ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – Пробиштип 2013

На ден 20.04.2013 год. во просториите на ООУ „Никола Карев“ - Пробиштип, се одржа 50 – тиот ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИТЕ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – Пробиштип, 2013. На натпреварот под менторство на наставникот Јане Србаков, учествуваа 2 ученика од нашето училиште, и тоа: Даневски Давид VII1 одд. во областа Фото техника, и Јакимов Петар VII1 одд. во областа Кино и Видео техника, додека под менторство на наставничката Тања Николовска, учествуваше 1 ученика од нашето училиште, и тоа: Крстева Олгица VIII3 одд. во областа Екологија.

VII Државен натпревар по Информатика и XVII Македонска Олимпијада по Информатика

Во периодот од 12.04 до 14.04.2013 год. во СОУ Гимназија „Митко Пенџуклиски“ - Кратово, како домаќин, се одржа VII Државен натпревар по Информатика и XVII Македонска Олимпијада по Информатика во Република Македонија.

На натпреварот учествуваа 23 ученици од основно образование и 20 ученици од средно образование, од целата наша држава. Меѓу учениците од основното образование, под менторство на професорот по Информатика, Јане Србаков, се натпреваруваше и нашиот ученик Илче Крстев VI одд.

Ден на пролетта и екологијата

На ден 21.03.2013 година,  нашето училиште се реализира еколошката акција-„Кампања за уредување на животната средина“ под мотото „Собрав неколку штици и направив куќички за птици “

Акцијата беше  дел од Програмата „Еко-училиште“, а  ја спроведовме по повод  21 март- Денот на пролетта и екологијата

Во рамките на оваа акција реализиравме неколку активности :

 

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1572873