Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Настани

ИЗВЕШТАЈ oд одржаниот натпревар по хемија во учебната 2012/2013 година

Во деновите 29,30 и 31 март 2013 година, во ПСУ „Јахја  Кемал„ -Скопје, се одржа Државниот натпревар по хемија .

На натпреварот учествуваа, Крстева Олгица и  Јованова Костадиника, ученички во VIII (осмо) одделение , од ООУ „Никола Карев“- Радовиш, под менторство на наставничката по хемија Тања Николовска.

ИЗВЕШТАЈ од учество на регионален натпревар по математиката

На ден 30.03.2013 во ОУ„Гоце Делчев “ с. Василево – Струмица со почеток во 9 часот  се одржа регионалниот натпревар по математика за основно образование.

На овој натпревар од нашето  ООУ„ Никола Карев“ од Радовиш учествуваа 12 ученика од V –деветолетка до VIII одделение.  Учениците ги постигнаа следните резултати:

Извештај од Општинскиот натпревар по англиски јазик “ Spelling Bee “

На 31.3.2013 година во ООУ „Никола Карев“, Радовиш се одржа вториот дел од општинскиот натпревар “ Spelling Bee “. Натпреварот беше организиран за ученици од седмо деветгодишно, седмо осумгодишно и осмо одделение од општина Радовиш. Учество зедоа 3 училишта - ООУ “Никола Карев“, ООУ „Крсте П. Мисирков“ и ОУ „Кирил и Методиј“  со вкупно 84 ученици. Нашето училиште учествуваше со 9 ученици од седмо дев. , 15 ученици  од седмо осумгодишно и 14 ученици од осмо одделение или вкупно 38 ученика. Од тие ученици, право за учество на државниот “ Spelling Bee “ натпревар во Скопје, добија 5 ученика од седмо дев., 5 ученика од седмо осумгодишно и 6 ученика од осмо одделение или вкупно 16 ученици.

ИЗВЕШТАЈ ЗА ОДРЖАНИОТ РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

На 30.3.2013 год. во ООУ “Маршал Тито”, Струмица се одржа регионален натпревар по англиски јазик. Како и секоја година, правилата налагаат, право на учество да имаат само ученици од 8 одд. и тоа само по еден учесник од секое основно училиште. Заинтересираност за учество на натпреварот,од нашето училиште, покажаа 8 ученика, па заради тоа беше направено тестирање со цел да се избере најдобриот. Најдобри резултати покажа ученикот од VIII-3  одд. Никола Наков. После изборот на учесникот, следуваа секојдневни подготовки со менторот.

 

Хуманитарна и креативнa посета на корисниците на дневниот центар „Порака“

Тие покажаа дека за да си хуман не мора да имаш голДел од осмооделенците заедно со своите наставници и директорката, за време на Божиќните празници ги посетија корисниците на дневниот центар „Порака“.

Тие им донираа прехрамбени артикли и шкокски прибор кои беа купени со дел од средствата што осмооделенците ги собраа од влезниците за  Новогодишниот маскембал,а дел од средствата беа од  улилиштето.

Извештај од одржаниот училишен маскенбал на ден 27.12.2012 година

Радовиш, 03 јануари 2013

Неколку години наназад ООУ„Никола Карев“ организира Новогодишен маскенбал. За да се продолжи традицијата и понатаму и оваа година класните раководители на осмите одделенија се погрижија да се одржи тој маскенбал.

 

По тој повод учениците од VIII-1,VIII-2,VIII-3 и VIII-4 одд. заедно со нивните одделенски раководители подготвија Новогодишен маскенбал. Маскенбалот се одржа во фискултурната сала во училиштето. Право на учество имаа само учениците од осмите одделенија, но под услов да бидат маскирани. Учениците кои учествуваа во маскенбалот претходно сами се финансираa со скромни 50,00 денари за да си обезбедат нагрaди, а воедно во придружба на класните раководители си ја украсија и салата каде се одржа маскенбалот. За музиката се погрижи директорката.

Македонија без отпад 2012

Учениците и вработените од нашето училиште учествуваа во еколошката акцијата „Македонија без отпад 2012“ . Делувајќи локално дадовме придонес глобално-за почиста Македонија

 

Прочитај повеќе

Квиз натпревар за операции со природни броеви

На 15.10.2012год. наставничката по математика Анита Митева Цветковски од ООУ„ Никола Карев“ Радовиш на часот по математика во шесто одделение спроведе Квиз натпревар за операции со природни броеви.             

 

Целта на оваа активност беше учениците:

Посета на Стопанска банка – Филијала Радовиш

На ден 31.09.2012 год., по повод светскиот ден на штедењето, ученици од ООУ„Никола Карев“ ја посетија филијалата на Стопанска Банка во Радовиш.

Целта беше тие да се запознаат со условите како да станат идни штедачи во Стопанска Банка, а истотака и да се запознаат и со начинот на работа на филијалата на Стопанска Банка во Радовиш. При што целта беше остварена, а учениците беа задоволни од посетата и од прошетката низ паботните простории во банката.

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА

На ден 31.05.2012 (четврток) , во нашето училиште се одржа манифестација „Здрава храна за детство без мана“. Оваa манифестација е дел од проектот „Интеграција на еколошката едукација во образовниот систем“ во кој е вклучено и нашето училиште.

 

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1572862