Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Настани

VI Државен натпревар по Информатика и XVI Македонска Олимпијада по Информатика

Во периодот од 11.05 до 13.05.2012 год. во ООУ„Никола Карев“, Радовиш, како домаќин, се одржа VI Државен натпревар по Информатика и XVI Македонска Олимпијада по Информатика во Република Македонија.

 

На натпреварот учествуваа 23 ученици од основно образование и 20 ученици од средно образование, од целата наша држава. Меѓу учениците од основното образование, под менторство на професорот по Информатика, Јане Србаков, се натпреваруваа и нашите ученици Стефанија Ефтимова VI(8) одд. и Петар Јакимов VI(8) одд.

Извештај од републички натпревар по математика

На ден 05.05.2012 год. со почеток во 10 часот на Машински факултет во Скопје се одржа републичкиот натпревар за основно образование од VI доVIII одделение.

 

На овој натпревар од нашето ООУ„ Никола Карев“ – Радовиш се натпреваруваа две ученички  од VII одд. Анастасија Трајанова ( I награда на регионален натпревар)  и Ирена Лазарева ( III награда на регионален натпревар ) под менторство на наставничката Елизабета Мазновска.  Двете ученички на овој натпревар добија пофалница и  достојно го преставија нашето училиште. 

                                                            

 

ИЗВЕШТАЈ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

На ден 21. 04. 2012г. сабота со почеток во 10 30ч. се одржа  регионалниот  натпревар по англиски јазик за осмо одделение во ООУ Видое Подгорец во Струмица. Од нашето ООУ Никола Карев Радовиш учествуваше ученичката Слободанка Свиркова од VIII3 одд. под менторство на наставничката по англиски јазик Јулија Белушкова.

Извештај од одржаниот регионален натпревар по математика

На ден 31.03.2012 во ОУ„Гоце Делчев “ с. Босилово – Струмица со почеток во 9 часот  се одржа регионалниот натпревар по математика за основно образование.

На овој натпревар од нашето  ООУ„ Никола Карев“ од Радовиш учествуваа 14 ученика од IV –деветолетка до VIII.  Учениците ги постигнаа следните резултати.

 

Успешно учество на 42-рата регионална смотра на млади техничари и природници

На ден 07.04.2012 год. во просториите на Народна Техника – Струмица, се одржа 42-рата регионална смотра на млади техничари и природници. На смотрата под менторство на наставникот Јане Србаков, учествува 3 ученика од нашето училиште, и тоа: Јакимов Петар VI1 одд. во областа Кино и Видео техника, Даневски Давид VI1 одд. во областа Фото техника и Ефтимова Стефанија VI1 одд. во областа Компјутерска Техника.

Учество на државен натпревар по хемија

 

На ден 23-ти, 24-ти, и 25-ти  март  2012 година се одржа 12-ти Државен натпревар по хемија. Натпреварот се одржа во Приватниот  турски  колеџ „Јахја Кемал“ во Скопје.

На овој натпревар учествуваше Слободанка Свиркова- ученичка во осмо одделение во ООУ„ Никола Карев“ – Радовиш,  под менторство на наставничката по хемија Тања Николовска . Ученичката се здоби со Сертификат за успешно учество.

 

Извештај за работата на тимот за ненасилничко однесување во училиштето

Наша констатација од секојдневните случувања во училиштето беше дека не постои насилничко однесување.

По одржаниот семинар од Алгоритам центар во соработка со УНИЦЕФ и подршка од БРО, сите вработени заедно со одговорниот тим почнаа со работа на Проект – програмата за создавање на училишна клима за намалување на насилничкото однесување во училиштето.Беше направена Анекс програма за ненасилничко однесување и таа е составен дел на Годишната програма за работа на училиштето.

Зелен пакет – јуниор

Со почетокот на учебната 2011/2012 год. учениците од одделенска настава почнаа со работа на проектот „Зелен пакет – јуниор“.

 

Учениците од II одд.(70) своите наставнички Сузана Атанасова, Даниела Василева Китанова и Силвана Бибовска работат на темата „Воздух“.

Завршни постигнувања преку ПЕП проектот

  • Реновирање на училиштата
  • Реализиран проект: Во ова училиште, ПЕП замени 42 стари и оштетени прозорци со нови алуминиумски, една влезна врата со нова алуминиумска. Општината го обезбеди техничкиот проект, ги демонтира старите прозорци и врата и ја заврши санацијата на оштетените надворешни и внатрешни рабови на ѕидовите и прозорците и вратата. Со имплементацијата на овој проект беа создадени подобри услови за учење на учениците. Резултатите од овој проект се многубројни: зголемена енергетска ефикасност и потопли училници за време на зимскиот период. Учениците повеќе не се приморани да седат облечени со јакни на часовите и се чувствуваат поудобно. Лошиот естетски изглед и несоодветните услови не се повеќе секојдневна глетка на учениците.

Извештај од одржаниот училишен маскенбал на ден 29.12.2011 година

Радовиш, 09 јануари 2012

Неколку години наназад ООУ„Никола Карев“ организира Новогодишен маскенбал. За да се продолжи традицијата и понатаму и оваа година класните раководители на осмите одделенија се погрижија да се одржи тој маскенбал.

 

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1572863