Home

Контакт

Анкета

Дали мислите дека компјутерите се доволно искористени во наставата?:

Наставни предмети

Распоред

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЧАСОВИ

Настани

Меѓународен турнир во џудо

Црна Гора, 25 февруари 2011

На Меѓународниот турнир во џудо ,,Мимоза,, што се одржа на 25, 26, 27 и 28 февруари 2011 година во Игало-Црна Гора, учествуваа 5 ученици од нашето училиште, благодарение на амбициозноста и пожртвуваноста на тренерката и истрајноста на учениците.

Хуманитарна акција

Радовиш, 05 јануари 2011

Дека хуманоста не познава граници е се повеќе слушана фраза која сепак ја носи во себе целата вистина на овој свет. Учениците од осмите одделенија на нашето училиште заедно со нивните наставници, придонесоа и штитениците на дневниот центар Порака за оваа Нова Година и Божиќ да имаат: пакетче повеќе, потребни прехранбени продукти за побогата Божиќна трпеза и дел од училишниот прибор за да се нацрта најубавиот празничен цртеж.

Новогодишен маскенбал

Радовиш, 30 декември 2010

 И нашето училиште оваа година се впушти во маскенбалските лудории, карактеристични за нашиот град во предновогодишните денови. Спортската сала на ООУ Никола Карев, со спортски дух, но сепак маскенбалсkо-новогодишен изглед, беше најдобрата локација за едно најнеобично дружење на сите расположени од осмите одделенија заедно со нивната наставничка по англиски јазик, Цветанка Кршкова.

Низа манифестации и натпревари по повод празникот 6-ти ноември, ослободувањето на Радовиш

Радовиш, 06 ноември 2010

По повод празникот 6-ти Ноември, годишнината од ослободувањето на нашиот град Радовиш од фашистите, се одржаа низа манифестации и натпревари под покровителство на Општината и градоначалникот Роберт Велков.

  • На натпреварот во мал фудбал, на кој учествуваа екипи од сите основни училишта во општината, екипата од нашето училиште (ученици од VII и VIII одд.) го освои првото место. Ментор: Димче Ангелов

Реализирана еднодневна научна екскурзија

Радовиш, 06 ноември 2010

На 06.11.2010 год. со учениците од V одд., се реализира еднодневна научна екскурзија, во согласност со наставната програма по предметот Географија. Беа посетени планетариумот, Природно – научниот музеј и Зоолошката градина.

Полудневен излет – “Есенски ден” – во месноста Канлиева Воденица

Радовиш, 03 ноември 2010

Полудневен излет – “Есенски ден” – во месноста Канлиева Воденица, беше реализиран на ден 03.11.2010 год. со учениците од I до VIII одделение од ЦУ и учениците од ПУ во населба Раклиш, село Тополница, село Прналија и село Бучим во блиската околина, заедно со наставниците.

Oпштинскиот натпревар од Противпожарна заштита

Радовиш, 30 октомври 2010

На општинскиот натпревар од Противпожарна заштита, што се одржа на 30.10.2010 год. од нашето училиште “Никола Карев” учествуваа тројца ученици од VIII одд., Зорица Србакова, Вероника Златанова и Стефан Атанасовски под менторство на наставникот Данчо Милчов.

Изграден ограден-потпорен ѕид

Во септември, оваа учебна година, е изграден ограден-потпорен ѕид во должина од 50 метри и висина од 160 цм , плус темел од 60 цм. Ѕидот е изграден со донаторски средства од бизнис секторот.

Започна уредувањето на кабинет по Биологија и Хемија

Радовиш, 05 септември 2010

На 5 септември 2010г започна уредувањето на кабинетот по Биологија и Хемија, од втората рунда грантови од проектот за модернизација на образованието, финансирано од Министерството за образование и наука при Владата на Република Македонија и УСАИД.

Започна доградбата на ОУ Никола Карев

Радовиш, 22 јули 2009

На 21.07.2009г.во 11:00ч на просторот каде што се наоѓаа основните училишта К.П.Мисирков и Никола Карев, кој пред неколку години изгореа до темел, беше поставен камен темелник за доградба на нова зграда на О.У. Никола Карев.

Инвеститор на овој проект е Влада на РМ преку Министерството за образование и наука. Изведувач на проектот е „Интер Пројект“ ДООЕЛ Тетово, на тендер распишан од Министреството за образование и наука - Скопје, подизведувачи се ГП „Техноинжинеринг“ и ГП „Техника“ од Радовиш. Надзор на проектот е „Инком Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје.

Рекламни банери

Календар на настани

M T W T F S S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 
 
Add to calendar

Фотогалерии

Вкупно посетители

  • Досега го посетиле сајтот
  • :1572877